Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, увери дека постојат предлози за обезбедување финансиски средства за реализација на брзата железничка линија на Коридорот 10, за кои времето за поднесување завршува утре.

“Да, има”, изјави Мицкоски при гостување на ТВ Сител, нагласувајќи дека железницата ни е неопходна веднаш бидејќи ќе останеме отсечени доколку не ја изградиме и обновиме.

Министерството за финансии има доставено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10.

На прашањето дали ќе бидеме ослободени од царинските давачки на САД, тој одговори дека разговорите се во тек и се одвиваат во позитивен правец.

“Следната недела е крајниот рок кога македонската јавност ќе знае што е тоа што го добиваме од администрацијата на САД”, рече Мицкоски.