Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на бруто домашниот производ, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, истакна премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Според него, откако е избрана оваа влада реалниот раст на БДП изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%.
Отворивме ново поглавје на економски раст и тоа е сериозен сигнал дека реформите даваат резултати. Ако сакаме до 2030тата да бидеме уште повисоко на листата, мора да го одржуваме просекот кој треба да биде повисок од 4%, посочи Мицкоски.
Но, дали, македонската економија конечно се стабилизира, ги прашавме и граѓаните.
Инаку, според премиерот, денешниот раст е сигнал дека државата се движи напред со посветеност, храброст и со јасна визија.