Информира дека во мај, извозот пораснал за 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија…

Расте македонскиот извоз, напиша премиерот Мицкоски на неговиот Фејсбук статус. Информира дека во мај, извозот пораснал за 23,44% во евра, во услови на стагнација на европскиот пазар, а посебно предизвиците со кои се соочува автомобилската индустрија. Се бележи и раст на извоз во првите пет месеци од 2025 година, извозот порасна за 3,15% во евра, споредено со увозот за истиот период кој порасна за 1%.

Поголем извоз, повеќе пари за македонските граѓани. После месеци и години пад, конечно раст за македонската економија. Расте туризмот, расте БДП, расте индустриското производство, растат инвестициите, расте извозот, стои во објавата на премиерот.