По санкциите од САД и ЕУ кон Русија, Македонија не треба да стравува од енергетска криза во државава.

Ова на прес конференција го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој порача дека Владата е подготвена и работи тоа да не се случи.

„Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала претходната влада во заминување па не останавме без гас, односно топланите работеа. Сите овие работи ги антиципираме, но нормално е за работи кои се тековно работење на Владата. Не треба да ја оптоваруваме јавноста со такви ситници и нема да има такво нешто“, изјави Мицкоски.