„Денес Државниот завод за статистика, објави податок дека бруто-домашниот производ во Македонија во вториот квартал е пораснат за 3,4% и тоа значи дека во моментот се објавени, од рамките на Еуростат, тоа е и европската статистика, податоци за растот на бруто-домашниот производ во вториот квартал за 28 европски земји“, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Македонија го дели третото место заедно со Хрватска. Пред нас се Ирска и Кипар. Сите останати земји во регионот поширок и потесен се позади Македонија.
Премиерот информираше дека ова е веќе четврти квартал кога државата има раст на бруто-домашниот производ, повеќе од три проценти.
„Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на бруто-домашниот производ од повеќе од три проценти, заедно со оваа Влада. Првиот квартал беше третиот од минатата година, кога имавме 3%, па четвртиот 3,2%, па првиот од оваа година 3,2%, и сега е 3,4%. Очекувам до крајот на годината да имаме и квартал кога ќе ја пробиеме границата од над 4%, со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не и одело добро, рече Мицкоски и додаде:
„Ова се бројки, со бројките нема политикантство, со бројките нема играње. Тоа се факти. Кога ќе ги споредите фактите, сфаќате дека тие се немилосрдни – и фактите се на страна на работата, чесната работа на оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираше Мицкоски.