Индикаторите од првата половина на оваа година покажуваат дека државата се движи со гигантски чекори напред – истакна денеска од штипско премиерот, Христијан Мицкоски. Додаде дека зголемен е извозот на земјоделски производи за 57% што прествува гигантски чекор напред.
„Такви се за нас индикаторите за нас гигантски. За разлика од чекорењето наназад изминативе седум години, резултатите и индикторите од оваа година, првиот квартал, првите пет месеци па би рекол и првата половина година се прават гигантски чекори напред. Денеска во разговор со министерот за земјоделство добив една информација дека во првите пет месеци извозот на земјоделски производи е за 57% е зголемен споредбено со истиот период лани“ – вели Мицкоски.
Македонија е вметната и како осма дестинација за туризам во светот, со раст на турсити од 22% во првиот квартал оваа година споредбено со истиот период лани. И ова е гигантски чекор напред, додава Мицкоски.
„Кога кажавме дека бруто домашниот производ на реалана основа пораснал за 3,2% споредбено со првиот квартал минатата година и кога споменавме дека тоа преставува четврти резултат во Европа, веднаш позади Данска, Ирска и Полска многумина не исмејуваа. Но, сега можам да најавам дека во вториот квартал ќе имаме уште подобри резултати имајќи ги предвид овие индикатори. Тоа преставува гигантски чекор“ – додава Мицкоски.
Мицкоски во денешното обраќање истакна дека гигантски чекори се прават и во градежништвото, битката со криминалот и корупцијата и владеење на правото.