Наследениот долг од околу 18 милиони евра не може наеднаш да се затвори. Исплаќаме редовно плати, а дел од надворешните побарувања кои ги имаат извршителите се сервисираат како што ни даваат можностите. Сепак, тековно мора и да работиме, вели заменик директорот на Национални шуми, Кирил Михаилов во неделното интервју за Радио Слободна Европа.