Граѓаните што скенираат фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“, повратот на данокот ќе го добијат на своите трансакциски сметки до крајот на овој месец.
Од Министерството за финансии појаснуваат дека станува збор за сумата што ја акумулирале од скенирање на сметките во периодот јули-септември, а се исплаќа 60 дена по завршувањето на кварталот.
Најчестите проблеми поради кои има доцнење на исплатата на средствата се поврзани со погрешно внесените или неажурирани податоци за трансакциската сметка во системот на Управата за јавни приходи.