„Извршено е плаќање за подмерка 2.2 – Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за регистрирани крави – регистрирани постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.“
Министерството за земјоделство објавува дека денес на 4.144 земјоделци им се исплатени 341.536.000,00 денари. Оттаму велат дека исплатата е извршена врз основа на дополнителни директни плаќања за регистрирани крави постари од 12 месеци, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
„Извршено е плаќање за подмерка 2.2 – Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за регистрирани крави – регистрирани постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.“
„Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 2.1 од Уредбата за 2024 година и кои го предале своето производство на млеко на регистриран купувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4 од Уредбата за 2024 година, или кои продале или заклале говеда во преработувачки капацитети регистрирани во Регистарот на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.5 од Уредбата за 2024 година“, велат од министерството.