Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток директно се одрази врз безбедноста во Кувајт, откако најголемата банка во земјата, National Bank of Kuwait, донесе одлука привремено да го затвори своето седиште поради иранските напади.
Од банката соопштија дека седиштето во Кувајт Сити и подружницата во Субхан, во близина на аеродромот, ќе останат затворени два дена.
„Поради актуелните околности и ради безбедност на сите, како и за обезбедување континуитет на работењето“, се наведува во соопштението.
Одлуката следи по извештаи за ирански напад со дрон врз меѓународниот аеродром во Кувајт, при што биле погодени резервоари со гориво и избувнал голем пожар.
Инцидентот дополнително ја подигна загриженоста во регионот, кој веќе повеќе од еден месец е зафатен од воен конфликт меѓу САД и Израел од една страна и Иран од друга.
Иран одговори на нападите со ракетни и дронски удари врз американски бази и цели во регионот, како и врз инфраструктура во земјите од Персискиот Залив, додека судирите се проширија и на поморскиот сообраќај, особено во Ормутскиот Теснец – клучна рута за глобалните испораки на нафта.
И покрај повремените сигнали за можни преговори, тензиите остануваат високи, а безбедносната состојба во регионот дополнително се влошува. објави Скопје1.мк