Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека средбата со општините, на која треба да се потпишат договорите од вториот јавен конкурс, веројатно ќе се одржи во четврток. По потпишувањето, општините ќе можат да ги објават огласите за проектите.

Мицкоски исто така извести дека преку комерцијалните банки, над 150 милиони евра од унгарскиот кредит се префрлени на стопанството. Додаде дека за локалните самоуправи во текот на оваа година се планирани околу 200 милиони евра.

Тој забележа дека реализацијата во општините е малку пониска од проектираната и дека дополнително се работи на подобрување на истата.

Премиерот Мицкоски даде и информации за трошењето на унгарскиот кредит: “До овој момент половина милијарда или околу 500 милиони евра од унгарскиот кредит се потрошени за да се врати еврообврзницата подигната во 2018 година.”

Во однос на кредитирањето на стопанството, тој истакна: “Последната информација што ја имам, поврзана со кредити кон стопанството, е дека таа бројка е над 150 милиони евра кои се доделени преку комерцијалните банки во бизнисот, а за општините во Буџетот за годинава имаме предвидени околу 200 милиони евра.”

Премиерот заклучи дека со вториот повик за општините и склучувањето на договорите, “ќе се заокружи вкупната сума средства земени од унгарскиот кредит – за враќање стари долгоиви и за развој и капитални инвестиции на државата.”