На 25 септември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 55. сесија на Клубот на истражувачите.

Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 15 септември 2025 година (понеделник).

Трудовите треба да бидат изработени во согласност со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот, како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултатите и сознанијата и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и за дискусија за научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.