Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 13,2%, и се должи на растот на депозитите на двата сектора, којшто е поизразен кај секторот „домаќинства“.

На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,5%, и во поголем дел произлегува од зголемените кредити на корпоративниот сектор, при раст и на кредитирањето на секторот „домаќинства“.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2025/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2025_septemvri_mk.pdf