Готвачи, помошници во кујна, келнери и шанкери, се најбараниот кадар за сезонско вработување во Охрид. Како главниот туристички центар ќе го задоволи дефицитот на кадар?

Според слободните проценки на брегот на Охридското Езеро, има недостиг од стотици работници во туристичкиот сектор. Огласите се преполни, готвачи, шанкери, келнери и помошници во кујна се најчестите позиции кои се нудат. Главна причина е заминувањето на работа во Хрватска, каде што понудените плати се повеќекратно повисоки од оние во земјава. Дополнително и тоа што поголемиот дел од угостителските објекти во Охрид нудат ангажман само за сезонско вработување.

За жал кај нас како и минатата година еве и оваа средношколците не спасуваат. Секоја чест на тие млади луѓе но има дел од нив кои не се стручни да го работат тоа што го работат. Ние импровизираме и тоа се одразува врз туристичката услуга и тоа се гледа. Меѓутоа немаме избор, се надевам голем број луѓе кои се заминати во странство да работат за подобра добивка ќе се подобрат условите и ќе се вратат, вели Челик Асим, туристички работни.

Недостигот на стручен кадар и оваа сезона ќе го пополнуваат учениците средношколците од угостителското училиште, кои покрај праксата имаат можност и да заработат.

„Мојата струка е угостителски техничар, во овие три години се учи и имаме многу добри услови за вработување“вели ученик од Угостителско.

„Практична настава ние имаме и во кујна. Добивам ангажмани платени сме и во текот на праксата и работодавачите се доста задоволни се договараме за понатамошна соработка“додава друг.

„Има многу деца што работат еве лично јас работам и учам за да можеш и да учиш и да работиш за нашите години е тоа супер, вели ученичка од трета година“вели ученик.

Според експертите, потребна е стратегија за задржување на стручниот кадар во земјава. Потребни се субвенции за трансформација на сезонското во трајно вработување во хотелско угостителскиот сектор.