Во второто тримесечје од годинава во Македонија имало 10.323 слободни работни места што е убедлив рекорд во изминативе неколку години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Стапката на слободни работни места во второто тримесечје од 2025 година изнесува 2,08 проценти, а најголем број на слободни работни места, 2.008, има во петтата група занимања: работници во услужни дејности и продажба. Југоисточниот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,54 проценти.
Највисока стапка на слободни работни места од 3,77 проценти има секторот објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, во кој изнесува 0,36 проценти.
Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 лица имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,69 проценти.