Стапката на невработеност во Русија, според методологијата на Меѓународната организација на трудот, се врати на рекордни 2,3 проценти во март оваа година, изјави вицепремиерката на Русија Татјана Голикова во интервју објавено денес за списанието „Експерт“.
„Навистина, во февруари, според методологијата на Меѓународната организација на трудот, стапката на невработеност малку се зголеми во споредба со јануари и изнесуваше 2,4 проценти од работната сила, но до крајот на март гледаме враќање на овој индикатор на претходната позиција, на нивото од декември 2024 година – 2,3 проценти“, изјави Голикова, пренесува Комерсант.
Таа додаде дека за да се реализира потенцијалот на младите луѓе во Русија, одобрена е програма за промовирање на вработувањето на граѓани под 30 години, што донела добри резултати.