Поради ниското ниво на капитални инвестиции власта сега ќе се обиде да ги присвои сите јавни инвестиции и да ги прикаже како капитални проекти. Вака поранешниот вицепремиер за економија ги објаснува новите правила во управувањето со јавните инвестиции кои веќе излегоа во Службен Весник.

Голем удел за слабата реализација на стартот на годинава има и нецапацитетноста на институциите кои според екс вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи  минатата влада почнала да го решава, но оваа гарнитура тоа не сака да го продолжи. Ниту финансиската помош на релација Централна власт – локални самоуправи според Битиќи не ги дава најавените резултати. Битиќи вели дека Власта сега сака да ги централизира сите јавни инвестиции преку унгарскиот кредит. Тоа според опозиционерот може да отвори многу сомнежи на корупција.

„Соочени со немањето на капацитет за да се спроведат капиталните инвестиции очигледно власта сака да ги централизира сите јавнио инвестиции кои што ги планира преку таканаречените унгарски пари во 2025 година, но и други средства кои ќе дојдат од билатералните донатори. Веќе најавени се, еве за јавноста да знае дека ќе стигнат средства од Велика Британија за инвестиции во здравството, и владата сака да го земе тоа под своја капа на централизиран начин да ги управува овие средства, што искрено сметам дека е враќање назад во целиот процес на децентрализација.Одземање на надлежности преку упад во системот.“ – Фатмир Битики СДСМ.

Економистот пак Абил Бауш смета дека и оваа влада ја продолжи праксата на неинвестирање во главниот капитал а тоа е човечкиот фактор, а недостасуваат и најавените инфраструктурни зафати. Професорот вели секој ден земјава е се подалеку од поврзување со државите од регионот, за подалеку веќе е многу доцна.

„Ние сме на еден крстопат на кој што треба да се поврземе со сите држави. Дали нашата економија треба да биде спремна да го фати балканскиот пазар. Реално гледано, ние немаме некои конкурентски вредности по балканскиот пазар, а има потенцијал. Во Балканаот има толку потенцијал на кои ние може да бидеме конкурентни со некои производи, и нови идеи.“ – Абил Бауш економист.

Министерката за финансии пак, смета дека ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции во првиот квартал од годинава е поради застојот на градежниот сектор во зимските месеци од годината. Таа очекува многу повисоки и подобри резултати во периодот што следи.

„Имаме нова методологија во делот на евидентирање на капиталните расходи која што може да ја видите во извршување на буџетот. Под табелата каде се приливи и одливи ќе видите дека стојат податоци за исплатените гаранции на име на некои јавни претпријатија, акционерски друштва или слично. А тие во минатото беа евидентирани како капитални расходи и како резултат на тоа имавте една вештачка слика во однос на тоа што се случува. Денес ние не ги евидентираме како капитални инвестиции.“ – Гордана Димитриевска Кочовска Министерка за финансии.

Во првите три месеци има реализација на капитални инвестиции од само девет проценти. Според праксата низ годините, со секој ребаланс на буџетот, на удар се капитални проекти кои се предвидени да се реализираат во тековната година. Тоа значи дека ако реализацијата на капиталните инвестиции во септемви кога најчесто се случува прекројување на дрвната каса изнесува околу 60 отсто, со кратење на дел од првично предвидените проекти реализацијата многу лесно на крајот на годинава ќе достигне и до фантастични над 90 отсто.