НЛБ Банка АД Скопје склучи нов договор за субординиран заем во висина од 10 милиони евра со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана, која е нејзин доминантен акционер. Согласно објавената ценовно чувствителна информација на Македонската берза, инструментот се квалификува како дополнителен капитал (Tier II capital).
Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана поседува 86,97% од акциите на НЛБ Банка АД Скопје, што ја прави најголем поединечен акционер со значително влијание врз управувањето и стратешкото насочување на банката.
“Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
НЛБ Банка АД Скопје информира дека реализираше нова трансакција со Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана врз основ на склучен нов Договор за Субординиран заем во износ од 10 милиони евра.
Нова Љубљанска банка д.д., Љубљана е доминантен акционер на НЛБ Банка АД Скопје со 86.97% учество во вкупниот број на акции на Банката.
Инструментот се квалификува како дополнителен капитал (Tier Il capital) на Банката“ стои во објавата.