Вработените во Комерцијална банка уште еднаш го покажаа својот тимски дух, спортски елан и посветеност, освојувајќи златен медал во одбојка и сребрен медал во куглање на традиционалните спортски игри по повод Денот на штедењето.

Настанот, организиран од Синдикатот на финансиски организации на Македонија – СФОМ, ги обедини вработените од повеќе финансиски институции, кои се натпреваруваа во духот на спортот, соработката и пријателството.

Со освоените медали, КБ тимот уште еднаш потврди дека тимската работа, меѓусебната поддршка и позитивниот дух се вредности кои ја водат Банката и во работниот процес и надвор од него.

„Им честитаме на нашите колеги за заслужените медали и им посакуваме уште многу успеси“ – порачаа од Комерцијална банка.