Апликацијата на Комерцијална банка АД Скопје за СЕПА кредитен трансфер шемата е одобрена од Европскиот совет за плаќања и Банката ќе биде вклучена во Регистарот на учесници за СЕПА Кредитен трансфер на 08 август 2025 година.
Во периодов Банката интензивно работи на неопходна техничка интеграција со цел да им ја овозможи на клиентите услугата СЕПА кредитен трансфер.
Комерцијална банка со континуирано вложување во нови технологии и усогласување со европските стандарди останува партнер кој ги следи и поддржува клиентите во секоја фаза – од лични финансии до деловен развој на меѓународно ниво.