• Согласно правилата на Шенген зоната туристички едно лице може да остане максимум до 90 дена во рамки на 180 дена. Проблемот е што ова правило се воведува и за професионалните возачи и оние кои работат во транспортните компании од причина што ЕУ не може да најде легална форма да го регулира нивниот статус.
  • Иако имав жестоки размени на аргументи со надлежните во рамки на ЕУ директно во Брисел, за жал не најдов на разбирање, вели министерот за транспорт Александар Николоски.
  • Проблемот е многу сериозен зашто ќе влијае врз работата на транспортниот сектор во целиот регион како и на извозно ориентираните компании.
  • Од понеделник ќе има протест кој предвидено е да трае седум дена на граничните премини кои одат кон шенген зоната, на превозниците на Македонија, Косово, Србија, Црна Гора и БиХ. Се работи за огромен економски проблем кој што може целосно да ја колабира македонската и регионалната економија, бидејќи нашите економии се мали и главно се ориентирани кон извоз. Се работи за целокупното производство на компаниите кои произведуваат во ТИРЗ во кои што работат најголем дел од луѓето во Македонија и кои што носат најголем девизен прилив.
  • Ако и домашните компании кои се извозно ориентирани не можат да извезат тогаш запира и економската активност,
  • Од друга страна, ако превозот поскапе за 3 до 5 % тогаш стануваат неконкурентни на европскиот пазар, изјави Николоски.