Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,08 % во однос на одлуката од 16.05.2025 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 4,668%, кај дизелот за 1,642%, кај екстра лесното масло за 4,856% и кај мазутот зголемувањето е за 0,580%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1804%.
РКЕ ја информира јавноста дека со денешната одлука, согласно Законот за акциза, РКЕ е обврзана да го вкалкулира новиот соодветен износ на акциза при пресметка на цената за Екстра лесно 1 (ЕЛ-1). Како резултат на зголемувањето на берзанските цени на нафтениот продукт Gasoil 0,1% во првата половина од месец мај, исполнети се предусловите да се применува дополнителното зголемување на акцизата (ДАЕ) за гасно масло како гориво за греење кое изнесува 2,00 денари за литар.
Од 20.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,808 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 4,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,279 ден/кг и сега ќе изнесува 36,808 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 20.5.2025 година.
Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.