ФИТР: Од 706 пријавени дури 540 компании аплицираат за прв пат на јавните повици на Фондот

2021-04-12 17:00

Од 706 пријавени на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, дури 540 се компании кои аплицираат за прв пат на некој од јавните повици на ФИТР, додека 207 се стартап компании, покажува првичната анализа на Фондот за иновации...

Костовски: Се уплашија некои луѓе кога видоа дека заздравувањето на Еуростандард оди многу брзо

2021-04-12 16:30

Јас сум акционер, немам врска со конкретното водење на дневна база на банката, ниту сум учествувал во кредитната политика, ниту во банката, ниту сум се мешал кај Управниот одбор, материјалите секојпат беа припремени од правната служба која беше под контрола на стариот Управен одбор...

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

2021-04-12 16:00

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на Одлуката за изменување на одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Бјерде од Светската банка: Банкарскиот систем е стабилен – тоа е клучно за севкупната македонска економија

2021-04-12 15:37

Претпазливото управување со ризиците и соодветната регулативна рамка, усогласена со најдобрите меѓународни стандарди, му овозможија на банкарскиот сектор да ја дочека корона-кризата со силна капитална и ликвидносна позиција. Отпорноста на банкарскиот сектор се потврди изминатата година, преку одржување на сите показатели на солидно ниво....

Панета: ЕЦБ не смее да го одложува забрзувањето на инфлацијата

2021-04-12 14:00

Членот на управниот одбор на регулаторот предупреди дека економијата на блокот можеби претрпела поголема штета отколку што може да се види во моментов. Европската централна банка (ЕЦБ) не треба да прифаќа понатамошни одложувања во забрзувањето на инфлацијата назад до нејзината цел под, но близу...

Во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра

2021-04-12 13:00

Во првите три месеци од годинава се потпишани договори со три странски компании со вкупен износ од 50 милиони евра, а во тек се преговори за уште 15 нови инвестиции кои тежат 250 милиони евра. Канадската „Магна“ која ќе гради нова фабрика во ТИРЗ Струга...

Охридските хотелиери најавуваат попусти на аранжманите за српските туристи

2021-04-12 12:00

Хотелиерите долж охридско – струшката ривиера за оваа туристичка сезона најавуваат попусти на аранжманите за српските туристи. Цените на туристичките понуди од стартот на летото па се до крајот на годината ќе бидат намалени од 10 до 20 проценти. Оваа иницијатива која била прифатена...

Влад Тенев од Robinhood е првиот милијардер роден во Бугарија!

2021-04-12 11:00

Во последниве месеци, платформата за тргување со акции Робинхуд се најде во центарот на вниманието. Компанијата беше под лупа на американските регулатори за тргување со акциите на „GameStop“. Сепак, пред овој случај, платформата успеа да привлече голем интерес од малите инвеститори, како и капитал,...

Колку злато во резерви има Македонија?

2021-04-12 10:00

Според најточната база на податоци за резервите по држави,од Светскиот совет за злато, податоците покажуваат дека Макдонија е веднаш зад Србија која е лидер во регионот. Според податоците на Народната банка на Србија, од 2013 година, резервите на злато се зголемени во квантитет за...

Во Хрватска школарина ќе може да се плаќа со криптовалути

2021-04-12 09:20

Студентите од сите години стручни студии од областа на мехатроника, компјутерски науки и здравствена заштита во Бјеловар можат да ги плаќаат своите школарини во криптовалути. Ваквата новина, веќе реализирана во пракса и понудена на студентите, му овозможи на Универзитетот за применети науки во Бјеловар...