Бесими: Јавниот долг е во рамки на проекциите

2021-04-08 21:02

Јавниот долг е во рамки на проекциите. Тоа што беше предвидено во Буџетот до крајот на 2021 година да биде  63,4 отсто, државниот долг 53, 2 отсто, а заклучно со крај на февруари државниот долг е 48,3 отсто, а јавниот долг е 56,7 отсто, изјави министерот...

Стопанска комора: Малите хидроцентрали се најефикасен обновлив извор на енергија

2021-04-08 20:00

Групацијата на обновливи извори на енергија (ГОИЕ) при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ги претстави заложбите за одржливо искористување на ресурсите и презентирајќи ги придобивките од работата на малите хидроелектрани како еден од најефикасните и најзначајни обновливи извори на енергија. Според д-р Александар...

Дополнителна финансиска помош за сите бизниси кои ќе бидат затворени две недели

2021-04-08 19:30

Предвидено е да се покрие процент од приходите остварени во првите три месеци годинава во форма на директна помош, најави премиерот Зоран Заев, а според министерот за економија Крешник Бектеши, мерките ќе се објават на почетокот на наредната недела Угостителите кои поради ширењето на...

Организаторите на настани во понеделник на протести пред Владата

2021-04-08 19:00

Компаниите што работат во секторот организација на настани (организатори, изнајмување на опрема за озвучување, осветлување и сценска опрема, видео и аудио продукции како и техничка поддршка на настаните) од понеделник најавија протести, бидејќи како што велат се доведени до тотален колапс. Од таму информираат...

После 8 години „Мекдоналдс“ повторно на македонскиот пазар?

2021-04-08 18:30

Македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции, па се чини дека и „McDonald’s“, кој располага со повеќе од 31.000 ресторани низ светот, ќе се прошири и на територијата на нашава земја, односно ќе се врати после 8 години, пишуваат дел од медиумите. Компанијата...

Шаќири: Намален бројот на вработени во администрацијата, но тој е неверојатни 131.183

2021-04-08 18:00

Министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири, денеска го презентираше Годишниот извештај за вработените во јавниот сектор за 2020 година. Бројот на вработените во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131.183 лица во 1.332 институции. Од вкупниот број, 19.594 лица...

Германски тинејџер е најмладиот милијардер во светот

2021-04-08 17:00

Најмлад милијардер во светот е Кевин Давид Лехман, 18-годишен тинејџер од Германија. Богатството го има наследено од неговиот татко, кој e ко-сопственик на познатиот ланец на дрогерии dm. Forbes го процени неговото богатство на 3,3 милијарди евра. dm е водечки ланец на дрогерии во...

Агенцијата за претприемништво објави оглас за менторство за мали и средни претпријатија

2021-04-08 16:00

Агенцијата за поддршка на претприемништво објави јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги за мали и средни претпријатија, кој ќе биде отворен до 29 април годинава. Услугата – менторство е бесплатна, а се релизира според методологијата што АППРСМ ја разви во соработка со...

НБ и МБА: Прашувајте ги банките, не верувајте во шпекулации!

2021-04-08 15:00

Ве известуваме дека беше одржан работен состанок на којшто зедоа учество претставници на банките и штедилниците и претставници на Народната банка. Состанокот беше во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, на штета...

Пекинг му го зеде тронот на Њујорк според бројот на милијардери

2021-04-08 14:00

Пекинг му го презеде приматот на Њујорк според бројот на милијадери кои живеат во двата града, откако главниот град на кина минатата година доби уште 33 нови милијардери и сега има 100, додека „Гиолемото јаболко“ остана на 99, наведе Си-Ен-Ен. Американското списание „Форбс“ наведува...