Оваа недела ќе се одржи 55. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

2025-09-23 10:30

На 25 септември 2025 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 55. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка, која со свое обраќање ќе ја отвори гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески. На сесијата ќе биде презентиран...

„Газпром“ ја напушта сопственоста на НИС

2025-09-23 10:00

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ ефективно се дистанцираше од сопственичката структура на српската нафтена индустрија (НИС), откако дел од неговите акции беа префрлени на руската фирма „Интелиџенс“, објави Радио Слободна Европа (РСЕ), цитирајќи информации од Белградската берза. НИС се најде на листата на американски санкции...

Орбан: Членството на Украина во ЕУ значи и војна

2025-09-23 08:55

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, при отворањето на есенското заседание на парламентот за 2025 година, издаде сериозно опоменување во врска со последиците од потенцијалното приклучување на Украина кон Европската Унија, изјавувајќи дека таков чекор директно би ја вовел војната во самиот блок. “Ако ЕУ ја...

Владата ја отвори вратата за инвестиции и за извоз на македонските компании во Дубаи

2025-09-22 21:00

Владата ја отвори вратата за инвестиции и за извоз на македонските компании во Дубаи. Порастот на БДП, градежништвото, туризмот и земјоделството се добра препорака за арапските инвеститори кои сакаат да ја продлабочат соработката со македонските компании. Во Дубаи има 52 регистрирани компании од Македонија,...

Светот не се откажува од јагленот и нафтата, климатските цели сè понедостижни

2025-09-22 20:00

Само Велика Британија, Австралија и Норвешка планираат да го намалат производството на нафта и гас до 2030 година Владите ширум светот го зголемуваат производството на јаглен, гас и нафта, што ќе ги направи климатските цели недостижни, покажуваат новите податоци. Земјите се сè уште далеку од...

Цената на златото до „плафон“ – повторно на највисоко ниво во историјата

2025-09-22 19:00

Овој историски максимум не е само моментална флуктуација Цената на златото од 3.712,48 долари за унца повторно достигна рекордни максимуми, потврдувајќи го својот статус како најбарано безбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња. Овој историски максимум не е само моментална флуктуација, туку јасен одраз...

Синдикалната кошница за септември 65.077 денари, со изнајмен стан 80.452 денари

2025-09-22 18:00

Вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2025 година изнесува 65 077 денари и е намалена за 430 денари споредено со август годинава, кога беше 65 507 денари. Со изнајмен стан од 60 метри квадратни, пак, изнесува 80 452 денари,  соопшти Сојузот на синдикати...

Студија за вештачка интелигенција: Автоматизација на јавниот сектор и замена на 125 милиони работни места

2025-09-22 17:00

Студија на консултантската куќа Роланд Бергер открива дека генеративната вештачка интелигенција (ВИ) значително ќе го промени начинот на работа во голем број индустрии, вклучително и јавниот сектор, во наредните години. Се проценува дека дури 125 милиони работни места низ целиот свет би можеле да...

Најбогатиот човек во Европа: Предложениот данок за богатите би ја уништил француската економија

2025-09-22 16:00

Најбогатиот човек во Европа, Бернар Арно, изјави дека предложениот данок на богатство би бил катастрофален за француската економија. Шефот на глобалниот конгломерат за луксузни брендови LVMH за „Сандеј тајмс“ изјави дека повиците за данок од 2 % на целиот имот „имаат цел да ја...

Европската Унија се соочува и со „скриена невработеност“!

2025-09-22 15:00

Во вториот квартал од 2025 година, во Европската Унија имало 13,3 милиони невработени лица на возраст од 15 до 74 години. Меѓутоа, кога ќе се вклучат и оние во „скриена невработеност“, бројката се зголемува на 26,8 милиони. Во просек, вишокот работна сила во ЕУ...