Седница на ДКСК, на дневен ред програмата за работа за 2023 година

2022-12-28 11:00

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи седница преку ZOOM комуникациската платфoрма, на чиј дневен ред е програмата за работа на Антикорупција за 2023 година. На седницата ќе се расправа и по годишните планови за следење на имотната состојба и судирот...

Максималниот износ за поврат на ДДВ се зголемува од 1800 на 2100 денари!

2022-12-28 10:00

Владата на денешната седница ги усвои предложените законски измени со кои што се зголемува највисокиот дозволен износ на ДДВ кој што може да се врати на едно физичко лице за едно календарско тримесечје. Како што велат оттаму, се планира највисокиот износ кој што може...

Бугарска фирма избрана за снабдувач на земјава со гас

2022-12-28 09:00

Државната фирма ЕСМ Продажба денеска потпиша договор за снабдување со природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останатите потрошувачи на природен гас, пред сѐ поголемите производствени и услужни капацитети. – Договорот е потпишан...

РКЕ ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари

2022-12-28 08:00

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти цената на струјата што ќе важи од 1 јануари. Трите енергетски компании ги доставија своите барања до Регулаторната комисија за енергетика и доколку се прифатат нивните барања, цената на струјата би се зголемила за 3,5 до...

Усогласување на минималната плата ќе се случи во првиот кваратал на наредната година

2022-12-27 21:00

Усогласување, а не зголемување на минималната плата ќе се случи во првиот кваратал на наредната година дециден е Ангел Димитров од Организација на работавачи. Удар врз економијата ќе нема, но и овојпат проблеми ќе се создадат со тоа што на одредени работници во колективите...

Бектеши: Ограничените маржи на основните прехранбени производи остануваат до крај на април

2022-12-27 20:00

На предлог на Министерството за економија Владата на денешната седница донесе одлука да се продолжи рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 април 2023 година. -Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените...

Мислења: Хрватска преминува на евра во вистински момент

2022-12-27 18:00

Транзицијата на Хрватска кон еврото како нејзина официјална валута се случува во идеално време, оцени главниот економист на Хрватската стопанска комора Горан Шаравања, додавајќи дека 2022 година покажала дека фактот што една земја има своја валута не е заштита од инфлација. Во Хрватска од...

Поддршка за уметноста од Халкбанк

2022-12-27 17:00

Халкбанк им подари уметнички дела на своите партнери и соработници и со ваквиот избор на новогодишни корпоративни подароци ја поддржи уметноста и младите уметници во земјава. Станува збор за 150 графики кои беа изработени од неколку академски графичари, членови на Графичката работилница „Софија“ од Богданци....

Куп огласи за вработувања низ институциите: УЈП ќе прими дури 100 службеници, ФЗО над 30

2022-12-27 16:00

Периодов течат огласи за нови вработувања на јавни службеници во повеќе институции на државно и локално ниво. По број на отворени работни места предничи Управата за јавни приходи, каде се предвидени 100 вработувања на различни позиции: даночни советници, референти, инспектори и друго. Огласот е...

Првиот блок на РЕК Битола исклучен од мрежа

2022-12-27 15:00

Првиот блок на РЕК битола од вчера во 22 цасот не работи и е исклучен од мрежа.  Оваа информација пред малку на брифинг со новинарите ја соопшти првиот цовек на МЕПСО, Орхан Муртезани. МЕПСО добила информација дека исклучувањето е планско, но засега не се...