Важи за супер овошје, но Македонците ретко го садат

2022-11-03 10:00

Иако важи за супер храна, македонските граѓани многу ретко садат брусница. Дури и ако тоа го практикуваат, ја садат на мали површини, за свои потреби, но мнозинството не се заинтересирани за поголема инвестиција. Граѓаните не се сигурни дека ако вложат во поголем насад, ќе...

Рекореден Предлог-буџет за справување со кризата и фискална консолидација

2022-11-03 09:14

Предлог-буџетот за 2023 година предвидува вкупни приходи од 282 милијарди денари (4,58 милијарди евра), расходи од 324,8 милијарди денари (5,28 милијарди евра) и буџетски дефицит на ниво од 4,6 проценти од планираниот БДП. Економски раст се очекува да биде 2,9 проценти, а инфлацијата 7,1...

75 отсто од германските фирми во Македонија повторно би инвестирале тука, смета Мартенс

2022-11-02 20:00

Вкупно 75 отсто од германските фирми во земјава, повторно би инвестирале тука, покажуваат најновите анализи на Делегацијата на германското стопанство. Шансите за Македонија се во металната, дрвната и прехранбената индустрија, во земјоделството, текстилот и чевларската индустрија, како и во ИТ секторот, според директорот на...

Рекордни 5,3 милијарди евра е новиот државен буџет за 2023-тата

2022-11-02 19:00

Владата на денешната седница го усвои буџетот за 2023 година, кој на расходната страна ќе изнесува 324,8 милијарди денари (5,28 милијарди евра). Тоа е за 12,6 отсто повеќе во однос на 2022 година, кажа министерот за финансии Фатмир Бесими на денешната презентација. Со Предлог-буџетот...

РЕК Осломеј со најголемо производство на електрична енергија во последните 10 години

2022-11-02 18:00

Како Влада правиме големи напори од почетокот на енергетската криза, посебно со почетокот на грејната сезона да дадеме максимална финансиска поддршка за ЕСМ, да го зголеми домашното производство на електрична енергија за да не бидеме зависни од увоз, како и за субвенционирање на цената...

Бектеши: Струја под 80 евра за мегават час за 200 компании од прехранбената индустрија и 600 пекарници

2022-11-02 17:21

Околу 200 компании од прехранбената индустрија и 600 мали пекарници ќе бидат директно поддржани со цена на електричната енергија под 80 евра за мегават час, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека просечната потрошувачка на овие капацитети  во изминатите години од 1...

Се менува законот: Панели ќе може да се поставуваат на помалку квалитетни ниви

2022-11-02 16:00

Поставување на фотонапонски панели на земјоделско земјиште од класа пет до класа осум се предвидува со измените на Законот за земјоделско земјиште, кои се во завршна процедура. Според изработувачите Законот се заснова на истите цели – рационално користење на земјоделското земјиште, заштита на земјоделското...

ЕУ ќе ги окрупнува расцепканите земјоделски земјишта во Македонија

2022-11-02 15:00

Европската унија (ЕУ) и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) ќе ја поддржат консолидацијата на земјоделското земјиште, планираното преуредување на фрагментираните парцели и на нивното сопствеништво во  Македонија. Заедничката помош, главно предводена од ЕУ, се протега во две проектни фази:  -Воведување на Националната...

Владата ги ограничи цените на огревното дрво и пелетите

2022-11-02 14:00

Владата, на денешната седница донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина...

Граѓаните и институциите ќе може да ги проверуваат лиценците и сертификатите на превозниците

2022-11-02 13:00

Тоа ќе биде овозможено преку јавниот портал „etransport”, регистриран од министерството за транспорт и врски. Покрај тоа во насока на постигнување на поголема транспарентност и подигнување на свеста кај сите учесници во патниот сообраќај, пристапено e кон регистрирање сервис на платформата за интероперабилност и...