Стопанска комора против менувањето на даночната политика

2022-06-29 14:00

Да се обезбеди колку што е можно поголема предвидливост на условите за работење, да не се менува даночната политика, а важните економски закони секогаш да се носат во консултација со бизнисот, апелира Стопанската комора на Северна Македонија. Комората, која предлага концепт за ублажување на...

Стигна петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на ЕИБ

2022-06-29 13:03

Развојната банка на Северна Македонија (РБСМ) ја повлече петтата транша во износ од 22,8 милиони евра за мали и средни компании од заемот на Европската инвестициска банка. Со оваа транша се обезбедува поддршка на 43 проекти на домашни мали и средни компании кои ќе...

Железници ниту плата даваат законски, ниту прават соодветен попис

2022-06-29 12:52

Државниот завод за ревизија се воздржува од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2020 година, во конечниот ревизорски извештај на Железници на РСМ – Транспорт АД, додека за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики изразува неповолно мислење. Државниот...

Лагард: Ќе го забрзаме зголемувањето на каматните стапки доколку е потребно

2022-06-29 11:55

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард денеска ги потврди плановите за првично зголемување на каматните стапки за четвртина процентен поен во јули и рече дека нејзиниот тим е подготвен да ги забрза каматните стапки доколку е потребно, односно доколку инфлацијата продолжи да расте....

Потрошувачите од првите три блок-тарифи може да заштедат и до 12 отсто, вели професорот Талески

2022-06-29 09:02

Универзитетскиот професор Рубин Талески кој учествуваше во креирањето на тарифните блокови за струја, вечерва информира дека првобитната идеја била со три блока, а потоа се разработило со четири, додека првите граници беа 210 киловатчасови за првиот, 420 киловатчасови за вториот и 630 киловатчасови за...

Модните брендови смислија како да ја користат технологијата за да се заштитат од фалсификатите

2022-06-29 08:00

Фалсификатите се голем проблем за врвните дизајнери ширум светот. Поради нив, луксузните модни брендови изгубија продажба во вредност од 98 милијарди долари само во 2017 година. Загубите можат да ги оштетат и профитот и угледот. Затоа некои брендови сега се свртуваат кон технологијата за...

Катастрофални цени и пласман на струмичкото производство

2022-06-28 21:00

Војната во Украина, неажурноста на институциите, високите цени на репроматеријалите се само дел од причините кон кои, Сојузот на земјоделски производители од југоистокот го вперуваат прстот за катастрофалните цени и пласман на струмичкото производство. Загрижува фактот велат од Сојузот што токму овие и низа...

Со формирањето на Агро Совет, земјоделците директно учествуваат во носење на одлуки

2022-06-28 20:00

Вистинската грижа за земјоделците подразбира изнаоѓање на решенија за нивните проблеми, а најдобрите решенија се оние кои се подготвени заедно со земјоделците, слушајќи ги нивните маки и нивните предлози. Токму вака креираните мерки на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) веќе го даваат...

Со Грција ќе се воспостави електронска размена на царински информации за брз проток на граничните премини

2022-06-28 19:00

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со иницијативата за склучување на Меморандум за разбирање за електронска размена на податоци помеѓу Царинската управа на Република Северна Македонија и Независниот орган за јавни приходи (НОЈП) на Република Грција и го прифати...

Ни за дневница од 2.400 денари никој не сака да бере грозје, јаболка, праски…

2022-06-28 18:00

Потребата за ангажирање сезонски работници во летните месеци е голема, но интерес за сезонска работа нема. Сезонски работници нема ни за лек, а сè помалку луѓе се одлучуваат за дневници да работат на нивите низ Македонија. И покрај тоа што дневниците не се воопшто...