Трговијата меѓу Русија и Европската Унија би можела целосно да престане, изјави денес рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко.
Тој очекува вредноста на трговијата меѓу Русија и ЕУ да изнесува 40 милијарди долари оваа година, што е драстично помалку во споредба со 417 милијарди долари во 2013 година, пренесува ТАСС.
„Сосема е можно трговијата да падне на нула“, нагласи Грушко, додавајќи дека обемот на трговијата со Европската Унија минатата година изнесувал околу 60 милијарди долари, што е значително помалку од претходните нивоа.