Македонски Телеком АД Скопје, преку Македонската берза, го објави годишниот извештај за работењето за 2024 година. Меѓу другото, извештајот содржи и податоци за надоместоците исплатени на владините претставници во Одборот на директори на компанијата.

Според објавените информации, Игор Милев, кој ја извршуваше функцијата претседател на Одборот, примал месечен нето надоместок од 155.000 денари.

Останатите членови на Одборот именувани од Владата имале следниве месечни примања:

Садула Дураки – 93.000 денари

Нина Ангеловска – 62.000 денари

Бардул Насуфи – 62.000 денари

Шкодране Дарлишта – 62.000 денари

Аќиф Медиу – 62.000 денари

Владата на Република Северна Македонија е сопственик на 34,81% од акциите во Македонски Телеком, вклучително и една преференцијална (златна) акција. Оваа акција ѝ обезбедува посебни права, како што е правото на вето при донесување стратешки одлуки во рамки на компанијата.