Сојузот на Синдикати на Македонија на социјалните мрежи објави дека ЈП Национални шуми ќе исплаќаат регрес на годишен одмор во огревно дрво.
– ДАЛИ НЕКОЈ ОД КСС ДОГОВОРИЛ К-15 ДА СЕ ПЛАТИ ВО НАТУРА ИЛИ ВО ДРВА НА М3
ССМ во член 21 од Општиот колективен договор за јавниот сектор обезбедил, вработените во јавниот сектор да имаат право на регрес за годишен одмор, во висина од најмалку 30% од основицата, под услов работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач.
Дополнително, како заштита за евентуални вакви злоупотреби во член 5, став 2 е предвидено со колективен договор на ниво на сектор, оддел или група, односно на ниво на работодавач и со договор за вработување или решение, не можат да се определат понеповолни права од правата утврдени со закон и овој колективен договор, а ако се определени, тие одредби се сметаат за ништовни и се применуваат одредбите од овој колективен договор и од закон.
Но за лицата кои ќе се обидат да го прекршат правото на работниците обезбедена е дополнителна заштита од вакви злоупотреби во член 166 од Кривичниот законик како кривични дрла против работните односи покрај другото е предвидено ,,Тој што свесно не се придржува кон закон, друг пропис или
колективен договор, за засновање или престанок на работниот однос, за
платата и надоместоците на платата, работно време, одморот или отсуството, заштитата на жената, младината и инвалидите или за забрана на прекувремената или ноќната работа и со тоа повреди, одземе или ограничи право што на работникот му припаѓа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
Дали ова што е испратено од загрижени работници е потпишано и дали работниците се присилуваат да потпишуваат сами дека се согласуваат К-15 наместо во пари да се исплати во дрва на м3.
И дали ова е причината вработените во Национални шуми на сила да се зачленуваат во КСС, за наместо пари да им се даваат дрва и за да се откажуваат од тужбите кои се поднесени за неисплатен Регрес за годишен одмор. – стои во објавата.