Акциите на американските банки паднаа во вторник заедно со поширокиот пад на пазарот, додека инвеститорите чекаа да видат дали администрацијата на претседателот Доналд Трамп ќе воведе ограничување од 10 проценти на каматните стапки на кредитните картички.
Белата куќа тврди дека таквата мерка ќе ја олесни положбата на потрошувачите, додека банките предупредуваат дека горната граница на каматните стапки ќе ја намали достапноста на кредити, бидејќи нема да им овозможи правилно да го проценат ризикот од ненаменски кредити.
Аналитичарите проценуваат дека ова е привремен притисок врз секторот. Пад забележаа и инвестициските банки.
Експертите предупредуваат дека воведувањето ограничување на каматните стапки значително би ги намалило приходите од камати на банките, што претставува клучен извор на профит. Американската банкарска асоцијација објави дека, според податоците од издавачите на картички, помеѓу 137 и 159 милиони корисници би можеле да ја изгубат можноста да користат кредитни картички доколку се спроведе мерката, пренесува Бизнис.рс.