Партијата на пензионери, преку соопштение до медиумите изразува огромна загриженост и воедно им укажува на банките за високите надоместоци и провизии за основните банкарски услуги, кои се дефинитивно највисоки во регионот.
-Токму затоа Партијата на пензионери апелира до Владата и Собранието за донесување на закон за олеснување на граѓаните на пристап до основните банкарски услуги, односно ослободување на граѓаните од плаќање провизии за основните банкарски услуги, како што се помеѓу другите и плаќање на сметки за комунални услуги“, се вели во соопштението.