Пласманот и откупните цени најголем проблем за земјоделците во струмичко. Тие бараат изградба на сушари, откупно дистрибутивни центри но и нов модел на субвенции. Најавите за доделување пари да се остане во селата е добра но потребно е и други стимулативни мерки сметаат експертите …
Коле Николов ги работеше десетината пластеници засеани со пиперки. Со години е земјоделец. За месец дена ги очекува првите берби. За него како и најголем проблем е пласманот и откупните цени.
Пласманот најголем проблем и за Ристо Велков. Тој тврди дека во Струмица фалат сушари откупно дистрибутивни центри кои со години се најавуваат пред избори. За него дискутабилен е и моделот на субвенции.
Последниве години надлежните регистрираат пад на земјоделските стопанство во струмичко.
Најавата дека државата ќе доделува субвенции за млади брачни парови за експертите е добра но таа треба да биде врзана и со други стимулативни мерки.
Поради немањето сигурен пласман, високите цени на репроматријлите и немањето млади по нивите, во струмичко опаѓа производството на зеленчук последниве години.