Инфлацијата оддамна ги „изеде“ платите на работниците, констатираат од Сојуз на синдикати на Македонија, со оглед на тоа дека 4,5% е измерена од Државниот завод за статистика.
Владата одлучува дали ќе има нови мерки за задржување на куповната моќ на граѓаните, а потпретседателот на ССМ Иван Пешевски во „Студио 10“ кажа дека последните неколку месеци немаат комуникација со Владата.
„Куповната моќ, години и години наназад многу го отежнува стандардот на работниците и на севкупните граѓани. Ние затоа побаравме уште пред две години 450евра минимална плата. Кога видовме дека цените растат, а платите не растат побаравме 500 евра минимална плата којашто ќе биде не плата за живот туку пресметководна единица да растат сите плати понатаму-како просечната така и сите останати како во приватниот сектор, а потоа да може да биде ликвиден буџет да се зголемат платите во јавниот сектор.“ – Иван Пешевски потпретседател на ССМ.
И УПОЗ заедно со Синдикалната организација при Агенцијата за администрација бараат зголемување за 30% на платите на вработените во спротивно најавуваат прекин на работниот процес. Осумдесет проценти од вработените во Агенцијата, велат, имаат пониска плата од просечната плата.
ТЕЛОП Синдикат на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани
„Одговорноста при извршувањето на работните задачи во услови на притисоци и кратки рокови која ја имаат овие вработени е огромна, особено имајќи го предвид фактот дека заклучно со 09.07.2025 г. бројот на објавени огласи за вработување на административни службеници изнесува 730, а голем број од овие јавни огласи се објавени за повеќе работни места, односно извршители. Доколку најитно не се преземат понатамошни чекори за решавање на долгогодишните проблеми, ќе се пристапи кон прекин на работниот процес во знак на протест.“
Додека пак, Струковиот синдикат на контролори на летање ја стави во мирување одлуката за штрајк што требаше да се реализира денеска, посочи Александар Тасевски претседателот на синдикатот во телефонски разговор за Тв 24. Најави дека ќе го оспорат последниот конкурс за вработување и веќе реагираа за новите вработувања во М-НАВ.
„Одобрено е барањето за вработувања на контролорите и за спроведување на функционалната анализа која ќе определи кои се работни места и број на извршители треба да постојат. Не застануваме тука ќе продолжиме да бараме професинализам. Има неправилности и во последиот конкурс, ние повторно дадовме шанса, но очигледно УО нема намера да застане.“ – Струков синдикат на контролори на летање ССКЛМ.
Премиерот Христијан Мицкоски, претходно веќе изјави дека како Влада остануваат на ставот-доколку работниците и работодавачите се договорат за минимална плата од 500 евра со целосно покриени трошоци, Владата истото ќе го прифати.