Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ. Промени има само кај дизелот. Еуродизелот поевтинува за еден денар и од полноќ ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар.
Цената на бензините останува непроменета, односно еуросупер 95 ќе чини 75 денари за литар, а еуросупер 98+ ќе се продава по цена од 77 денари за литар.
Цената на екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, односно 66,5 денари за литар и истото важи и за мазутот, кој ќе се продава по 45 денари за килограм.