Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати, според која бензините поевтинуваат, додека дизелот бележи мало поскапување.

ЕУРОСУПЕР БС-95 поевтинува за 1,50 денари и ќе се продава по 74,00 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 исто така по евтинува за 1,50 денари, и ќе изнесува 76,00 денари за литар.

Од друга страна пак, се покачува цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), која се зголемува за 0,50 денари, и новата цена ќе изнесува 70,00 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) останува непроменета и изнесува 69,50 денари за литар.

Исто така, цената на мазутот М-1 НС бележи благо намалување од 0,174 денари по килограм, па новата цена ќе изнесува 39,409 денари за килограм.

Оваа одлука е донесена врз основа на методологијата за пресметка на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати, а се однесува на периодот што започнува од 7 јули 2025 година.