Претставничкиот дом на САД со тесно мнозинство го усвои барањето на претседателот Доналд Трамп за намалување на трошоците за странска помош и јавни радиодифузни услуги за 9,4 милијарди долари, а предлогот беше испратен на разгледување до Сенатот.
Мерката беше усвоена во Претставничкиот дом, каде што републиканците на Трамп остварија тесно мнозинство, со 214 гласа „за“ и 212 „против“.
Ројтерс соопшти дека ова е победа за Трамп, кој лобираше за усвојување на мерката и ја нарече „странската помош расипничка“, а за Националното јавно радио и Јавниот радиодифузен сервис рече дека е „радикално левичарска катастрофа“, пренесува Блиц.