Зголемените придонеси во Германија ги намалуваат платите на вработените. Некои работници губат до 250 евра годишно.
Просечно зголемување од само еден процент може да ја намали годишната нето заработка за 252 евра.
Сè поголемиот број граѓани во Германија кои се опфатени со законско здравствено осигурување мора да сметаат на повисоки трошоци – од 1 јули 2025 година, неколку осигурителни фондови имаат зголемени стапки на придонеси, што директно се одразува на износите на платите.
Членовите на одредени осигурителни фондови се особено погодени
Во Германија, придонесите за здравствено осигурување автоматски се одбиваат од бруто платите како дел од законскиот систем за социјално осигурување, што значи дека секое зголемување директно влијае на нето заработката на вработените.
Задолжителното здравствено осигурување (GKV) во Германија се финансира подеднакво во повеќето случаи – половина ја плаќа работодавачот, а половина вработениот.
Сепак, растот на дополнителните придонеси во осигурителниот фонд ги намалува износите што вработените ги добиваат на крајот од месецот.
Според податоците на германската организација Stiftung Warentest, осигурениците на фондот Securvita BKK сега плаќаат стапка на придонес од 18,5 проценти, што е зголемување од 0,7 процентни поени.
Уште поголемо зголемување почувствуваа членовите на IKK Brandenburg и Berlin, каде што придонесот се зголеми за дури 1,25 поени – на вкупно 18,95 проценти.
Фондот IKK – Innovationskasse ја зголеми својата стапка на 18,9%, приближувајќи се до моментално највисоката стапка од 19%, што ја наплаќа Knappschaft (фонд за рударство и социјална помош).
А BKK Tehnoform ја зголеми стапката на 18,09 проценти.
Овој тренд на зголемување на придонесите дополнително ги оптоварува платите на работниците и укажува на зголемен финансиски притисок во областа на здравственото осигурување.
Зголемувања и на затворените фондови
Покрај јавно достапните фондови, пет затворени фондови наменети за вработени во одредени компании, исто така, ги зголемија придонесите: BMW BKK, BKK PwC, EY BKK, Karl Mayer BKK и Merck BKK.
Иако не се вклучени во целокупната споредба, овие зголемувања влијаат на значителен број работници од тие фирми.
Од почетокот на годината, вкупно 59 здравствени фондови ги зголемија своите придонеси веќе на 1 јануари.
Еден фонд го стори тоа во февруари, три во април, два во мај, а три нови случаи беа регистрирани во јули.
Колку всушност значи зголемувањето за работникот?
На пример, просечната бруто плата во Германија од околу 4.200 евра месечно, зголемувањето на придонесите за само 1% значи дополнително намалување од 21 евро месечно, бидејќи работникот сноси половина од тоа зголемување – 0,5 проценти.
На годишно ниво, тоа е околу 252 евра помалку нето заработка.
Затоа на осигурените лица во Германија им се препорачува редовно да ги проверуваат условите и бенефициите на нивниот здравствен фонд, особено ако стабилноста на придонесите и квалитетот на дополнителните услуги се важни за нив.