Германскиот производител на луксузни автомобили „Порше АГ“ планира дополнителни намалувања на работни места и намалување на трошоците за истражување и развој, по намалувањето на продажбата во Кина и зголемената конкуренција на глобалниот пазар, изјави извршниот директор Михаел Лајтерс.
„Неопходно е да се заостри оптимизацијата на компанијата и тоа ќе доведе до понатамошно намалување на бројот на работни места“, рече Лајтерс, истакнувајќи дека „Порше“ ќе презентира повеќе детали на есен, според „Блумберг“.
Компанијата очекува нејзините инвестиции да достигнат врв во текот на оваа година, по што постепено ќе се намалуваат, првенствено поради намалувањето на трошоците во развојот на електрични возила, рече тој.