Јајцата поскапеа за 30–40 денари по табла низ продажните места. Многумина реагираат дека деновиве и тешко се наоѓа овој прехрамбен производ.

Во изминатите денови забележливо е зголемување на цените на јајцата во најголемиот дел од маркетите и зелените пазари. Табла од 30 јајца (Л класа), која чинеше околу 280 денари, сега се продава за 310 денари. Цената на малата табла од 10 јајца (М класа) порасна од 90 на 105 денари, реагираат купувачите.

Станува збор за поскапување кое го спроведоа речиси сите производители, а граѓаните реагираат дека промените се случиле нагло.

Покрај јајцата, се најавува и нов бран поскапувања — очекува се раст на цените на месото, особено на свинското и јунешкото.

На Зелен пазар јаца беа 230 табла,а сега се 330 денари табла, споделува скопјанка.