Цените на угостителските услуги во октомври 2025 година бележат раст од 3.9 % во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Анализирано кумулативно, во периодот јануари – октомври 2025 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 5.1 % во споредба со истиот период лани.
Растот на цените во овој сектор, споредено со декември 2024 година, изнесува 2.1 %.
Само во октомври 2025 година, цените на угостителските услуги се зголемиле за 0.3 % во однос на претходниот месец.