Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,52% во однос на одлуката од 20.1.2026 година.
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар. Цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цела на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 66,50 денари за литар.
За 0,112 денари поскапува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе се продава за 33,099 денари.