Финската компанија Тебоил, во сопственост на рускиот Лукоил, денес објави дека се подготвува да ги затвори сите свои бензински пумпи во земјата, бидејќи горивото снемува поради санкциите на САД против нејзината матична компанија. Тебоил има 430 бензински пумпи во Финска, според податоците на веб-страницата на компанијата, што е една петтина од 2.250-те станици во нордиската земја, објавува Ројтерс. Во соопштението од Тебоил се наведува дека станиците ќе бидат затворени во фази кога ќе се распродадат залихите на гориво.
Минатиот месец, САД воведоа санкции врз Лукоил поради војната во Украина, нарушувајќи го меѓународното работење на компанијата. Тебоил во понеделник објави дека Министерството за финансии на САД ја продолжи лиценцата на компанијата, што ѝ дава на компанијата силна основа за продолжување на работата.
„Новата лиценца обезбедува јасна правна основа за обновување на платниот сообраќај на компанијата. Тебоил се стреми да ги обнови своите оперативни капацитети што е можно поскоро“, изјави компанијата во соопштението- пренесува Телеграф.