Околу 11.000 административци ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028 година. Така договорија Владата и синдикатите.
„Ова е историска придобивка за вработените во администрацијата“, рекоа вчера синдикалците.
А која ќе биде придобивката од ова за македонските граѓани со чии пари ќе се дадат тие плати? Ќе работат ли сега административците поисполнително?
При соопштувањето дека ќе земаат поголема плата синдикалците речиси и да не споменаа нешто околу идните залагања на административците, тие само си најавија дека сега ќе следеле некави си преговори за општ колективен договор во јавниот сектор.
А работењето, а ефикасноста која е мала? Кога тоа ќе биде тема за синдикалците и административците?
Затоа, пак на потег е Владата. Треба да ги раздвижи административците, да не ги полни со партиски кадри, да почне да ги реформира државните институции, и така да се намали бројот на државните службеници.