Градежниците сметаат дека одлуката на државата стапката на ДДВ за првата продажба на новоизградени станови да остане 5 отсто е оправдана. Според Здружението на градежните компании оваа мерка и натаму ќе биде во корист на граѓаните.

Здружение на градежници при Стопанската комора

„Здружението ја поздравува и ја смета за оправдана одлуката на министерството за продолжување на важноста на повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградените станови. Цениме дека оваа одлука во овој момент претставува привилегија најмногу на купувачите на станбени единици. Доколку оваа мерка пред 15тина години беше донесена со примарна цел – помош за градежните компании првенствено, денес сметаме дека со нејзино продолжување најголема корист ќе имаат купувачите на станбени единици односно населението.“

Во интервју за Телевизија 24 министерката за финансии  гордана Димкитриевска Кочоска потенцираше дека повластената стапка од 5% ДДВ за првиот промет на новоизградени станови ќе продолжи да важи и по 1 јануари, согласно предложените измени кои веќе се во владина процедура.

Гордана Димитриевска Кочоска министерка за финансии

„Предложивме стапката од 5% да остане и натаму. Исто така ние сме во постапка на измена и дополнувања на целиот Закон за ДДВ каде што ќе предложиме одредени модалитети кои ќе се применуваат во иднина. “

Ваквата одлука значи дека становите дополнително нема да поскапат, не барем за 18 отсто колку што би се зголемило ДДВ -то доколку повластената стапка не останеше на пет отсто.

Ставот на градежниците е дека цената на нов оизградените станови засега може само да се стабилизира но не и да се намали иако во центарот на Скопје добар дел од новоизградените станови се продаваат и за над три илјади евра за метар квадратен.

И Гувернерот на Народната Банка Трајко Славевски најави мерки за граѓаните кои за прв пат купуваат свој стан. Тој најави олеснети услови за подигнување на кредит. Младите брачни парови ќе може да подигнат станбен кредит и со учество од 10% од вкупната вредност на објектот за живеење. Наспроти ова, за сите останати случаи, за минималното сопствено учество ќе се зголеми од постојните 15% на 25% од вредноста на станот.