На затворена седница, Владата ги разгледа податоците од пристигнатите понуди на меѓународните финансиски институции и комерцијални банки за финансирање на изградбата на брзата пруга. Од Министерството за финансии информираа дека Владата одлучила да се формира Меѓуресорска работна група.

– На барањето од Министерството за финансии одговорија 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки меѓу кои: Светска банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, Италијанската развојна банка,  јапонската МУФГ, британската Стандард чартерд, Банка на Америка, Ерсте банка, Сосиете женерал, Дојче банка, ЏП Морган, Сити банк, Уни кредит, Каргил и НЛБ и Рајфајзен банка – велат од Министерството за финасии.

Поради назнака доверлива (confidential), содржината на документацијата која што беше доставена од меѓународните финансиски институции и комерцијални банки нема јавно да се објавува.