И покрај тоа што пролетните мразови го десеткуваа родот на јаболка годинава, овоштарите од Преспа се задоволни- велат иако прогнозите беа лоши солидно поминавме и не останавме без ништо.

За разлика од претходно кога мака мачеа со ниски откупни цени и кога индустриското јаболко се даваше за 3 ден а сортните за 15, сега ајдаретот искачи цена на 25 ден, сортите на 30 ден и индустриското на 9 денари за килограм.И извозот е на задоволително ниво.

Во преспанскиот регион пред десет години имало над 8 илјади вработени граѓани. Сега бројката изнесува околу 1800- 2000 што наведува на тоа дека над 90 проценти од Преспанчани живеат од производство на јаболка.

Сепак овоштарите велат дека целиот процес е макотрпен, а поисплатливо е кај оние кои имаат поголеми земјоделски површини.

Во најдобрите години овошките раѓаат и до 100 илјади тони јаболка но во последните години производството е намалено поради временските неприлики. Посевите не ги осигуруваат сите бидејќи се скептици дека штетите реално се исплаќаат.