Околу 30 превозници во Гостивар ги паркираа своите минибуси пред општината како знак на протест.

Тие бараат исплата на долгот од општината за транспорт на учениците. Според нив, иако не ги добиле парите од април, продолжуваат да ги превезуваат учениците во тешки климатски услови. Најавуваат дека ако не им се исплатат средствата, ќе престанат со транспортот и ќе го блокираат влезот на општината.

„Дојдовме да ги побараме нашите пари. Од третиот месец не ни се исплатени средствата. По најавата за протест, ни беше исплатен само третиот месец. Но, останаа неплатени третиот, четвртиот, петтиот и шестиот месец, а сега со почетокот на новата година, сè уште не сме добиле плата. Само јас имам долг околу 80.000 евра, а превозници се над 30 воопшто. Ние учениците ги превезовме, а добивме само за гориво.“, вели Зулгани Руфати.

„Општината Гостивар не ни платила од март. Денес ни соопштија дека исплатиле за еден месец, но досега не сме добиле ни денар. Ќе продолжиме да бојкотираме додека не ги добиеме потребните средства. Бараме објаснување од општината, но тие велат дека немаат пари.“, порача Трпкуш Серафимовски.

„Ако не ни платат до Нова Година, ќе ги блокираме патиштата и влезот во општината. Нема да им дозволиме на вработените да влезат на работа. Имаме големи трошоци и дефекти, но учениците секогаш сме ги превезувале навреме, а тие нè измамуваат и ни се потсмеваат. Не ќе продолжиме да ги превезуваме учениците. Дополнително, ќе им покажеме на вработените во општината дека повеќе не може да се издржи.“, вели Џемаил Џемаили.