Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски истакна дека Царинската управа до мај месец годинава има значително зголемени приходи во однос на лани.
Директорот на Царинската управа,Бобан Николовски, денеска на прес-конференција истакна дека Царинската управа во мај наплатила приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот период.
Приходите од данок на моторни возила бележи раст од 16,7 проценти, од царина за 22,7 проценти и од акциза за 5,2 проценти. Растот на приходите се должи на зголемен пријавен увоз на тутунски производи – или за 31 процент повисоки приходи од лани и на зголемен пријавен увоз на автомобили – или 20 проценти повисоки приходи од лани. Зголемените контроли на увозите на автомобили, и предкривичните истраги за сторени кривични дела со употребувани возила што резултираше со 41 кривична пријава поднесена од страна на Секторот за контрола и истраги, и тоа само годинава, го дадоа својот ефект преку зголемен пријавен увоз на возила и зголемена наплата на приходи по овој основ, вели директорот Николовски.
Николовски потенцира дека исти се и причините за раст на приходите и на кумулативно ниво.
Од почетокот на годинава заклучно мај, наплатени се приходи од 847,6 милиони евра, или 38,6 милиони евра повеќе од истиот период минатата година. Најголем раст на приходите има од зголемен пријавен увоз на тутунски производи при што наплатени се вкупно 70 милиони евра само по овој основ, или 11 милиони евра повеќе од лани како и од зголемен пријавен увоз на возила при што наплатени се приходи од 82 милиони евра што е за 8,5 милиони евра повеќе од лани, истакна Николовски.